На пивниците во Венецуела им се намалуваат состојките од кои може да се произведува пиво. Наводно, жителите на оваа јужноамериканска земја ќе имаат доволно состојки за производство на пиво до крајот на август.
Строгата контрола на паричните единици го спречува купувањето на житото како што се јачменот, сладот и другите состојки што се потребни за овој нектар на боговите. Венецуела веќе е во долг од 200 милиони долари, поврзан само за производство на пиво, а надворешниот долг на земјата е околу 90 милијарди долари. Поради тоа парите за прозиводство на пиво успеале да опстанат толку долго.
Ако компаниите од Венецуела сакаат да водат бизнис на меѓународно ниво, мора до сопствената влада да ги откупат американските долари пред увозот на овие продукти, но ситуацијата воопшто не е поволна.
Пивото е основен производ во секторот на продажбата на алкохолни пијалаци и недостигот на пиво би можел да доведе до драстичен пад на профитот на овој сектор.
Венецуела се наоѓа во економска криза, најмногу предизвикана од падот на цената на нафтата која е најголемиот извозен производ на Венецуела. Освен пари и пиво, народот на Венецуела е незадоволен и со недостигот на шампони, тоалетна хартија, пилешко и говедско месо во продавниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



