| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на работните групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Осмата средба на работните групи на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Бугарија, во врска со преговорите за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се одржа денеска во Софија.

bugarija.jpg-500

Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, средбата поминала во конструктивна атмосфера. Било договорено следната средба да се одржи во Скопје.

И бугарското Министерство за надворешни работи на својата веб-страна лиферуваше идентично соопштение за денешната средба на работните групи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top