| четврток, 6 декември 2018 |

ОДВ „Електрик“ ќе вработи 1.000 лица – денеска потпишан уште еден договор за голема инвестиција

odv
Денеска е потпишан договор со компанијата ОДВ „Електрик“, која планира инвестиција од 15 милиони евра и етапно вработување на 1.000 лица. Големата европска компанија за производство од автомобилската индустрија веќе постои како инвестиција во Македонија и во Охрид веќе има вработено повеќе од 130 лица.

odv1

До крајот на годинава бројот на вработени ќе достигне 150, а етапно вкупно ќе вработи 1.000 македонски граѓани.

Премиерот Никола Груевски истакна дека бројката на вработени е многу важна, особено за Струга, Охрид и за околните населени места, а новиот објект ќе го градат во Струга.

odv2

-Владата на Република Македонија и државните институции ќе останат голем партнер на челниците на оваа, како и на сите други компании заинтересирани да инвестираат во Македонија. Остануваме посветени на нови инвестиции, отворање на нови работни места, креирање на одлични услови за инвестирање и создавање на поволна бизнис клима – истакна премиерот.

odv3

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека со челниците на компанијата тој и премиерот оствариле средби на владиното роуд шоу во Штутгарт.

-Десет дена потоа претставници од компанијата дојдоа во Македонија и со нас поминаа низ технолошко-индустриските зони за лично да ги погледнат можностите за инвестирање. За две недели ќе започнат со изградба на нов капацитет, а до средината на 2016 година се очекува објектот да стане функционален и да почнат со работа – истакна Мизо.

odv4

Челниците на ОДВ „Електрик“ разгледувале повеќе држави како опции за своја нова инвестиција.

odv5

Меѓу сите нив ја избрале Македонија бидејќи, како што посочуваат, претставниците на македонската влада точно знаат што очекуваат инвеститорите и што им е потребно.

odv6

-Организацијата на чело со Виктор Мизо во текот на целиот процес не поддржуваше и соработуваше со нас, па постигнавме резултати подобри од во која било друга земја. Брзиот почеток на работата во веќе постоечки објект и планот за почеток во нова локација не ни беа понудени во ниту една друга земја – истакна Лудвиг Батон, извршен директор на ОДВ „Електрик“.

odv7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top