Во општината Македонски Брод почна изградбата на 75. тениско игралиште од проектот за изградба на 120 тениски терени низ целата држава.
На почнувањето на градежните работи присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески.
-Вложувањето во спортската инфраструктура е еден од најбитните развојни сегменти на спортот. Токму затоа, Владата и Агенцијата за млади и спорт во континуитет во изминативе неколку години реализираше многу проекти за изградба на нова спортска инфраструктура, од кои бенефит видоа многу општини. Бенефит виде и Македонски Брод, каде досега само преку АМС се инвестирани преку 47 милиони денари за изградба на спортска сала и фудбалско игралиште, а во следниот период, покрај овој тениски терен планирана е изградба и на повеќенаменско игралиште – изјави Спасески.
Тој информираше дека имаат одлична динамика на реализација на капиталните проекти. Од проектот за изградба на 120 тениски терени, 46 терени се изградени и ставени во функција, а уште 29 терени се во фаза на градба, од кои повеќето се во завршна фаза. Изградени се и 51 повеќенаменско игралиште и уште девет се во фаза на градба од вкупно 100 предвидени во проектот на Владата.
– Спортот не е и не смее да биде привилегија само на големите и урбани центри. Напротив, тој мора да биде достапен секому и секаде еднакво. Доказ за нашите заложби е и општината Македонски Брод, каде што интензивно инвестираме во спортската инфраструктура – заврши Спасески.
Градоначалникот на Македонски Брод Војнески им се заблагодари на Владата и на Агенцијата за сите напори што ги прават во насока на развој на спортот во нивната општина и информираше дека како резултат на добрите инвестиции и менаџирањето во спортот, нивната општина со години ги дава шампионите во голем фудбал во машка и женска конкуренција во рамките на натпреварите од училишниот спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Младо момче загина во тежок судир, двајцата возачи биле без возачки дозволи
-
Украл златници, часовник и пари од куќа во Македонски Брод
-
Груевски најави на Фејсбук промоција на американската компанија која во Македонски Брод ќе произведува оружје за војската на САД
-
Груевски во Македонски Брод: Двесте семејства ќе произведуваат оружје и муниција за НАТО



