| четврток, 6 декември 2018 |

Во Старо Бонче најден накит и украсни предмети

Археолошките истражувања на локалитетот Старо Бонче оваа година се вршеа во секторот некрополи. Притоа се пронајдени вредни наоди од 5 до 4 век пр.н.е., како и предмети од подоцнежни фази. Највреден предмет е, секако, златниот бисер од 5 до 4 век пр.н.е, кој го најдовме во централниот гроб. Изработен е во техника филигран и гранулација. Има и други значајни наоди, како фибули, украсни игли, керамика и друго.

prilep-panorama

Во околните гробови, исто така, се откриени значајни наоди меѓу кои и статуетка на Хермес, перјаница од бронзена статуетка на воин и други.

На археолошкиот комплекс Старо Бонче се најдени уште десетина некрополи, кои, веројатно, припаѓале на градот Пелагонија.

Истражувањето на локалитетот Старо Бонче е капитален проект на Владата, кој во координација на Управата за заштита на културното наследство се реализира преку Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top