По три години колку што 31-годишниот дизајнер Александер Ванг беше на позицијата на креативен директор на модната куќа „Баленсијага“, денес е најавено негово кончено заминување, јавуваат светските медиуми.
Гласините за заминувањето од престижното место започнале да се шират пред неколку недели кога сопстевникот на куќата Керинг насетил дека можеби нема да има продолжување на договорот помеѓу „Баленсијага“ и Ванг.
Причините за неговото заминување се непознати иако медиумите шпекулираат дека до разидувањето дошло од чисто практични причини и фактот дека Александер сака повеќе да му се посвети на сопствениот бренд и отворање на бутик во Лондон.
Колекцијата пролет-лето 2016 година презентирана на ревијата во Париз била последната која талентираниот дизајнер ја потпишал за Баленсијага, а сега на модната куќа треба да најде негов наследник
Ванг како креативен директор за оваа модна куќа работи од 2012 година кога од таа позиција си замина Николас Гесквир кој на тоа место бил цели 15 година, а потоа среќата си ја побарал во „Луј Витон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст