Како дел од алтернативната музичка програма во културниот центар „Кула“, в петок, 31 јули ќе се претстават француските автори Калус Легал и Кристоф Зибер.
Со мини синтизајзери, ритам-машина, микрофон и звучни ефекти, Клаус Легал прави музика во која говори за животот како сон или кошмар. Кога излегува од својата соба тој е маскиран и се крие помеѓу ноќта и темнината.
Според некои критичари, поезијата на Кристофер Зибер е полна со неминовна вистина која за миг ќе ги остави читателите без здив. Овој автор е осуден да пишува, секогаш, нон-стоп, без пауза, и да не се прашува вистински за свет кој за него не е искрен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст