Нова странска инвестиција во областа на електрониката со 600 вработувања за велешани најави денеска премиерот Никола Груевски.
Тоа, според Груевски, ќе придонесе и за повеќе индиректни вработувања. Лидерот на владејачката партија потсети дека Велес ја доби поддршката на граѓаните за советничката листа и го има мнозинството во Советот, но побара да го поддржат и кандидатот за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ Славчо Чадиев бидејќи, само така ќе може да се реализира програмата.
Премиерот напомена дека во програмата на кандидатот за градоначалник за Велес е предвидено реализација на втората фаза од хидросистемот Лисиче и нов сообраќаен режим.
Чадиев, најави дека ќе се довршат индустриските зони Речани два и Узус и ќе се изгради нова индустриска зона во Каласлари. Во неговата програма предвидено е и реновирање на градскиот стадион, реконструкција на училишта, изградба на покриен градски пазар на две нивоа заедно со трговски центар и реализација на проекти за водоснабдување во селата Срмник, Оризари и Црквино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


