Три мобилни екипи со три возила и со 12 волонтери на Црвениот крст на град Скопје и денеска патролираат низ улиците на Скопје од 11 до 17 часот и ќе им поделат околу 1.500 шишиња со вода на минувачите.
Веќе неколку години Црвениот крст на град Скопје активно се вклучуваат со превентивни и теренски активности во насока на заштита на населението од топлотниот бран што ја зафаќа нашата земја во летниот период. Активностите се координирани со Црвениот крст на Македонија, Министерството за здравство и Градот Скопје и Центарот за управување кризи.
Активностите на тимовите на Црвениот крст на град Скопје беа поделени во два дела- теренски активности и дежурства на СОС линијата. Во рамките на теренските активности, обучени волонтери и лекар, со возила на Црвениот крст патролираа по најфрекфентните локации во нашиот град, делеа вода и флаери за граѓаните со совети како да се заштитиме од топлотниот бран.
Во рамките на теренските активности на неколку пунктови, се вршеше мерење на крвен притисок на граѓаните што се пожалија на здравствени потешкотии, а беше организиран и транспорт за постари лица и хронично болни кои побараа помош од екипите на Црвениот крст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст