Вечер во црквата „Св. Софија“ во Охрид, ќе се одржи концерт на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија.
Концертот е во организација на Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи и фестивалот „Охридско лето“, по повод одбележувањето на македонското претседавање со Централно европската иницијатива (ЦЕИ).
На концертот вечерва (30-ти јули), во рамки на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ камерниот оркестар ќе настапи под диригентската палка на Елена Митревска, а ќе бидат изведени дела од Eдуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.
Централно-европската иницијатива е една од значајните регионални мултилатерални инцијативи формирана пред 26 години. Организацијата обединува 18 држави од Средна и Југоисточна Европа меѓу кои и Република Македонија. Земјите членки на ЦЕИ меѓусебе соработуваат на различни теми од взаемен интерес како на политички така и на економски план.
Република Македонија и официјално стана претседавач со оваа реномирана организација во јануари годинава во период од една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст