Во последниве 24 часа турските власти пресретнаа и приведоа над 1.200 илегални имигранти по потекло од Сирија, јави БТА, пренесе МИА.
Како што соопшти Генералштабот на турската Армија, во реонот на границата меѓу Турција и Сирија биле приведени околу 600 лица, кои се обиделе илегално да преминат на турска територија.
Во исто време, припадници на Воената морнарица и на крајбрежната стража во морските погранични реони на Турција пресретнале уште околу 600 други илегални имигранти.
Покрај овие, во реонот на границата на Турција со Грција, пограничните служби привеле 73 сириски бегалци, а уште седум други близу турско-бугарската граница.
Во соопштението се посочува дека од приведените имигранти биле одземени значителни количества цигари и пари, како и 138 глави ситен и крупен добиток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти