Православните христијани денеска го слават празникот на светата маченичка Марина, позната во народот како Огнена Марија, почитувана како борец за верата Христова и заштитник на жените.
Огнена Марија, светата маченичка Марина е роден во Антихија. Крстена е на 12 години, а за нејзината вера во Исус Христос пострада во времето на царот Диоклецијан.
Според народното верување, света Марина пали и казнува со оган, како свети Илија, кој казнува со молњи, и спаѓа во „огнените“ светци.
Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините „гори небото и земјата“, да не се работи ниедна работа. Во народната традиција се сочувани примери на пожари или громови во топлите празнични денови, кои изгореле жито, сено и домови на луѓето што го прекршиле празникот и работеле.
Според христијанската традиција, Светата велиомаченичка Марина е исечена со меч во својата 16. година во времето на царот Диоклецијан.
Во некои православни цркви се слави како Маргарета Антиохиска, кој страдала заради верата во Христа.
Нејзините мошти се сместени во Цариград до доаѓањето на крстоносците, а сега нејзината рака е во манастирот Ватопед на Света Гора. Во манастирот на света Марина во Албанија на планината Лонга над Охридското Езеро почиваат нејзините свети мошти, кои ги посетуваат и православните и муслиманите.
Во источното и во западното сликарство светицата е насликана со крст и со палма, симбол на мачеништво во раце, змеј под нозете и често со куќи во пламен во заднина.
Огнена Марија во некои православни семејства се одбележува како слава.
Овој празник на црквата во календарот не е означен со „црвена буква“, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.