| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 4.000 лица вработени преку проектот „Македонија вработува“

mladilica-vrabotuvanje

За околу три месеци од стартот на проектот „Македонија вработува“, вработени се речиси 4.000 лица кои досега не успеале да го најдат своето место на пазарот на труд. Најголем број нови работни места со поволностите што ги нудат мерките од овој проект отвораат малите и средни бизниси. Според пресметките тие заштедуват и до 30 насто од просечната бруто плата за период од три до пет години. Младите, пак до 35 години се најбараниот кадар, пишува Лидер.

Податоците покажуваат дека скопскиот и полошкиот регион се лидер по бројот на вработувања преку мерките од проектот „Македонија вработува“. Анализата на податоците покажува дека од 3.900 вработени лица, над 700 се од Скопје, а околу 600 се од Полошкиот регион. Во Тетово реализирани се 319, а во Гостивар 268 нови вработувања. Следуваат Кочани со 257 нови вработувања, па Струмица со 254 и Прилеп, каде се се вработени 232 лица.

Најмногу се вработуваат лицата сп средно обазаование. Дури 2.254 се со средно, а 935 од вработени се со завршено основно. Речиси 600 врабоени лица се со завршено виоско образование. Исто така, прокетот Македонија вработува обезбеди работа и за 50-тина магистри.

Околу 2.600 фирми досега ги искористиле бенефитите од проектот „Македонија вработува“, а интересно е тоа што повеќето од нив, односно 2.200 се мали фирми кои со помалку од 10 вработени. Тие на годишно ниво ќе заштедат од 2.000 до 10.000 евра.

Најголем интерес има за вработување на лица до 35 годишна возраст, како и за повозрасните со над 50 години.  Според прогнозите на надлежните, со проектот се планира вкупно да се отворат окоу 20.000 работни места.

Отворени над 5.500 работни позиции, се бараат стручни кадри

Иако е период на годишни одмори, работодавачите не мируваат, а поттикнати и од мерките и поддршката која ја дава Владата, бараат нови и стручни работници. Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во моментов на пазарот на труд отворени се дополнителни над 5.500 работни позиции.

Стручните кадри се сѐ повеке барани на пазарот на работна сила, но најмногу огласи во моментот има за продавачи, за хигиеничари и во угострителството за келнери. Барани на берзата на труд се и работниците за едноставни работи, магационерите, работниците на производствена линија, такститстите, текстилците и шицачите, а има потреба и од дизајнери на интернет страници.

За работодавците, најбарани се техничките кадри, за кои велат работодавачите најтешко се наоѓаат на пазарот на трудот. ИТ професионалците, инженерите подолг период се на цена. Најмногу слободни работни места отворила трговијата- повеќе од 1.800, и преработувачката индустрија доминира на врвот со отворени над 1.300 работни места. Работници се бараат и во градежништвото, транспортот, угостителството, земјоделството и финансиските дејности.

На пазарот на работна сила најмногу недостасуваат квалификувани кадри, како електроинсталатери, монтери, заварувачи, бравари. Надлежните проблемот со дефицитарните занимања ќе го решаваат преку обуки, за што неодамна беше објавен и оглас.

Над 70% од објавените огласи отпаѓаат на техничките кадри, но токму овие кадри најтешко се наоѓаат на пазарот на трудот, велат работодавачите.Според познавачите на пазарот на труд, ваквата состојба е и поради влезот на странските инвеститори во земјава, кои имат најголема потреба од технички и стручни кадри. За годинава најавено е 20 нови компании да почнат бизнис во Македонија, да отворат 14 илјади нови работни места во следните неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top