| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжениот викенд носи малку посвежо време

leto_15_06_2015

Претстојниов продолжен викенд ќе донесе пониска температура во однос на четврток, но тоа не значи дека нема да биде топло, туку ќе биде малку посвежо.

Според Метеопро максималната температура овие три дена ќе биде релативно иста, со сосема мали промени. Во повардарскиот крај ќе има вредности од 35 Целзиусови степени до 37 Целзиусови степени, а во Пелагонија 33 Целзиусови степени. Охридско-преспанскиот регион очекува максимална температура до 31 Целзиусов степен.

Сабота ќе биде релативно сончев ден. Попладне ќе има услови за локален дожд, но повеќе околу планинските региони.

Недела слично време на сабота. Веројатност за локална нестабилност ќе има приквечер, но повеќе во источниот и централниот дел од земајта.

Во понеделник, генерално, сончево време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top