| четврток, 6 декември 2018 |

Нова несреќа на возот Евростар

По струјниот удар во текот на обидот да се префрли на возот Евростар, египетско момче се бори за животот во болница во француската престолнина Париз.Ова е нова несреќа на возот со кој илегалните имигранти се обидуваат да дојдат до Велика Британија.

Image

Несреќата се случила во средата попладнето на железничката станица Гар ду Норд, од која поаѓаат возовите на линијата Париз – Лондон. Според извори блиски на истрагата, 17-годишник е жртва на струен удар откако скокнал на покривот на возот Евростар од еден од регионалните возови. Итно бил префрлен во болница и неговата состојба е критична.

Овој нов инцидент се случи помалку од 24 часа откако судански имигрант загина во Евротунелот во обидот да стаса до Велика Британија во Кале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top