| четврток, 6 декември 2018 |

До 2030 година на Земјата ќе има 8,5 милијарди жители

Бројот на жителите во светот до 2030 година би можел да изнесува 8,5 милијарди луѓе, а до 2050 9,7 милијарди лица, проценуваат Обединетите нации во најновиот извештај.

den-na-planeta-zemja

Во моментов на планетава живеат 7,3 милијарди луѓе, а Кина и Индија, секоја имаат по повеќе од милијарда жители.

ОН укажуваат дека до 2050 година половина од светското население ќе живеет во девет земји – Индија, Нигерија, Пакистан, Конго, Етиопија, Танзанија, САД, Индонезија и Гана.

Се проценува дека околу 2022 година Индија по бројот на жители ќе ја надмине Кина, а Нигерија до 2050 и тогаш ќе ги престигне САД, како трета земја по број на жители после Индија и Кина.

Африка бележи најголема стапка на раст на населението, се наведува во извештајот.

ОН обрнуваат внимание и на глобалното стареење, наведувајќи дека бројот на лица постари од 60 години ќе биде повеќе од тројно зголемен до 2050 година. Европа во тоа ќе води, со повеќе од 34 проценти население постаро од 60 години до 2050 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top