Еден германски доктор е обвинет за нанесување на телесни повреди од небрежност затоа што една 92-годишна жена ја прогласил за мртва, а таа подоцна се разбудила во мртвачницата.
Казната за овој доктор може да биде од парична до затворска.
Докторот тешко болната жена ја прогласил за мртва кога една медицинска сестра во дом за стари лица ја затекнала без пулс и на докторот му рекла дека не диши.
Вработените во погребалното претпријатие каде што била пренесена жената вечерта чуле врисок од мртвачницата и ја нашле жената жива.
Таа починала по два дена, во болница, од срцева болест која немала никаква врска со претходниот инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст