| четврток, 6 декември 2018 |

Три казни за угостотелски објект во Куманово

Угостителски објект во кумановското село Черкезе не поседувал фискален апарат, го пречекорил работното време и гостите во објектот пушеле цигари. Ова го утврдиле полициските службеници од кумановската полиција кои заедно во УЈП и Државниот пазарен инспекторат, вчера во раните утрински часови  од 01.30 до  02.30 часот спровеле акциска контрола во објектот, соопшти денеска СВР Куманово.

cigari

УЈП констатирала дека правното лице не поседува фискален апарат, поради што му е изречена глоба во износ од 1.500 евра и издадено му е решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена. Државниот пазарен инспекторат, констатирал пречекорување на редовното работно време и за ова на правното лице изречена му е глоба од 700 евра. Полициските службеници, пак изрекле глоби на девет лица, кои во моментот во објектот пушеле цигари, за што и Државниот пазарен инспекторат на правното лице ќе му изрече глоба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top