Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 29 јули 2015 година, среда, со почеток во 18:00 часот во прекрасниот предел под падините на планината Беласица, односно воденицата на Ѓурѓа во село Старо Коњарево ги организира шестите по ред „Роднокрајни поетски средби“.
Специјална гостинка на овие средби е Дениса Дуран, поет, преведувач и културен менаџер од Букурешт, Романија. Таа е дел од резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа „Готен“, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги „Традуки“.
Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.
По успешно реализираните пет изданија на оваа манифестација, на сцената на роднокрајни поетски средби досега учество зедоа околу педесет автори од Струмица и регионот.
На шестите „Роднокрајни поетски средби“ е планирано да настапат десетина поети со нивното поетско творештво
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст