Македонско друштво “Илинден”-Тирана строго ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на македонците надвор од Република Македонија да гласат за претседателски и парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици во дијаспората.
– За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Mакедонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на Mакедонците надвор од Република Македонија.
Бидејќи ние Mакедонците надвор од Република Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата.
Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Република Македонија мора да продолжат да ги ужива право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија.
Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците – вели претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст