Седмиот по ред семинар на традиционална музика и игра кој како придружна активност се одржува во рамки на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ годинава е посветен на методика на народни ора, традиционално пеење и традиционални инструменти.
– За учесниците на семинарот ќе презентираме четирите сегменти од традиционалната култура на македонците, односно традиционалната музика, песната, играта и носијата. Пријатно е чувството што голем број на млади луѓе од година во година покажува се поголем интерес за учество на семинарот, а оваа година се чини тој број ќе биде најголем бидејќи има повеќе од сто учесници и од цела држава но и од странство – истакна Владимир Јаневски, професор на Музичка академија, оддел етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
На семинарот со свои трудови и презентации освен професорот Јаневски учествуваат и професорката Родна Величковска од Институт за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, Благица Илиќ и Тимко Чичаковски од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје, Даворин Трпевски од ПМФ Институт за етнологија и антропологија при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и Валентин Соклевски од НУ Центар за култура-Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст