Исламска држава врбувала граѓани во над сто земји, создавајќи долгорочна закана за глобалната безбедност, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников на прес-конференција во Јарослав.
Во изјавата Бортников истакна дека целта на ИД е да создаде глобална мрежа од терористи „спијачи“, кои можат да ја поткопаат безбедноста и територијалниот интегритет на родните земји на врбуваните.
Според шефот на ФСБ, напорите на групата се фокусирани главно врз младите луѓе.
Тој повика исто така за меѓународна соработка за потрага по врбуваните и терористите „спијачи“ на Исламска држава, како и за поткопување на базата, од која таа го црпи своето финансирање.
Конференцијата за безбедност, на чие отворање говореше Бортников, е дводневна и се одржува во градот Јарослав. На неа присуствуваат претставници на специјални служби од над 60 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст