| четврток, 6 декември 2018 |

Русија подготвена со оружје да помогне во борбата против ИД

Русија е подготвена да му испорача на Ирак ново оружје во борбата против „Исламска држава“, пишува денеска „Независимаја газета“, по дискретната посета на ирачкиот министер за одбрана во Москва.

– Двете земји ги разгледаа испораките за Ирак на артилериски системи, противтенковско оружје, бомбардери со голем опсег и авиони-ловци, пишува весникот, повикувајќи се на извор во руските сили за безбедност.

Халед ал Обеиди вчера беше на еднодневна посета на Москва, но властите на двете земји беа доста дискретни во однос на програмата на ирачкиот министер. Посочено беше само дека таа била поврзана со воено-индустриската соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top