Стапката на невработеност во 22 американски држави е намалена во февруари во однос на јануари, соопшти американското Министерство за труд.
Во соопштението се додава дека стапката на невработеност е зголемена во 12 сојузни држави, додека во 16 останала на непроменето ниво.
Во САД невработеноста во февруари е намалена на 7,7 отсто од јануарските 7,9 отсто.
Од ноември лани работодавачите отворале во просек по 200.000 работни места месечно што е речиси двојно повеќе во однос на просекот во пролетта минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


