Русија нема да игра на Евробаскетот во септември година, ако ФИБА остане доследна на денешната шокантна одлука да ги супендира популарните „баќушки“ од сите меѓународни натпреварувања поради мешање на политиката во изборите во кошаркарската федерација на оваа земја.
Одлуката го стресе светот на кошарката, а причината е што Судот во Москва „вмешал прсти“ на вонредните избори во 2013 година на кои се бирал претседател на рускиот кошаркарски сојуз.
Русија треба да игра во А групата со домаќинот Франција, потоа и со БиХ, Финска, Полска и Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.