
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти компанијата.
– Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15 отсто. Зголемување од 9 проценти е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех, се посочува во соопштението.
Според единечниот Биланс на успех, пак, наведуваат, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 проценти.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2015 година изнесуваат 422.120 илјади денари.
Во периодот јануари – јуни 2015 година во Алкалоид се реализирани и 56 нови вработувања во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


