| четврток, 6 декември 2018 |

Ерера освои титула, па удри новинар и доби отказ

migel-erera1

Мигел Ерера доби отказ од селекторската функција во Мексико, и тоа само неколку дена откако оваа репрезентација го освои Голд купот со триумфот во финалето над Јамајка.

Ерера беше обвинет дека го удрил новинарот Кристијан Мартиноли на аеродромот во Филаделфија, пред тргнувањето назад кон Мексико по освоената титула.

Претставниците на фудбалската федерација на оваа земја спроведоа внатрешна истрага за случајот, а откако обвиненијата на новинарот беа потврдени и од дел од репрезентативците, била донесена одлуката на Ерера да му биде врачен отказ од функцијата.

Мартиноли важи за еден од најголемите критичари на Ерера, новинар што многу често говореше против методите на работа на овој стручњак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top