Во екот на популарноста, Доланд Трамп доби незгодно прашање од новинар во врска со наводното силување на неговата сопруга Ивана. Прашањето ги налути адвокатите на тајкунот.
– Ќе се обидам да се сретнеме на суд. Ќе те гонам додека си жив, слушна ли?! Ќе те гонам за секој цент кој се уште не си го заработил. Напиши уште еднаш вест за господинот Трамп со збор силување и ќе ти го направам животот пекол… Додека си на оваа планета, се заканил долгогодишниот адвокат на Трамп на новинарот Тими Маку од магазинот „The Daily Beast“ кој во текстот пренел детали од биографијата за милијардерот напишана 1993 година. Биографот Хери Херт III во својата книга пренесува изјава на поранешната сопруга на Трамп Ивана, која го обвинува мажот за присилен секс како освета што го наговорила на болна естетска операција.
– не сакам зборот „силување“ да се интерпретира во буквална или кривична смисла, рекла тогаш Ивана, а Трамп долги години негирал дека имало било каков присилен секс.
Адвокатот и специјален советник Мајкл Коен додал и дека „сопругата не може да биде силувана“ и ги обвинил новинарите дека се обидуваат да го дискредитираат републиканскиот кандидат чиј рејтинг расте од ден во ден.
– Судската пракса е многу јасна. Не можете да ја силувате законската сопруга. Брачното силување е прогласено за илегално во сите држави на САД уште кон крајот на осумдесетите, додал адвокатот.
Советниците на Трамп сметаат дека оваа приказна е нарачана да и нанесе удар на кампањата на милијардерот која официјално почна со жешки коментари во кои богаташот меѓу другото го нарекуваат и силувач.
Истакнатиот републиканец Рик Вилсон го нарекол адвокатот Коен како „трампов питбул“.
– Циркусот на Трамп во голема мерка се состои од една клучна вештина: да се љуби неговата заедница. Чудно е дека меѓу вештините нема објаст како политика или здрав разум, рекол Вилсон.
Ивана и Доналд Трамп не се огласиле по пишувањата на весникот, а тајкунот продолжил да води кампања зборувајќи за непријавените имигранти нарекувајќи го Обама „најлошиот претседател на САД“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.