| четврток, 6 декември 2018 |

Која е бојата што ви дава сила според вашиот знак?

ОВЕН

Родените во овој знак се луѓе од акција и енергија. Која боја би била подобра за вас освен црвената? Ова е бојата на вашата судбина и ви носи многу моќ. Од потемните со светлите нијанси на црвена, вие уживате во оваа боја. Просториите и амбиентот на со црвена боја ви даваат позитивна енергија и уште повеќе сила.

БИК

Вашиот знак е познат по својата приземјеност и сензуалност, па сите нијанси на зејата – од светло кафена до зелена се боите во кои најдобро се чувствувате. Освен тоа, вие сакате и други бои на природата како светло зелената, жолтата. Овие бои ја зголемуваат вашата сила.

БЛИЗНАЦИ

Ваша боја е жлотата. Таа е позната со својата топлина и друштвеност, баш како и вие. Жолтата боја исто така потсетува на поставување прашања, пласирање нови идеи и светлост, кои се ваши природни каратеристики. Со помош на жолтата боја вие делувате позитивно на светот.

РАК

Според тоа што со вашиот знак владее Месечината, вие најмноќно се чувствуваѕе кога носите бела и сребрена боја. Со оглед на тоа дека Месечината влијае  на плимата, нам исто така ви одговараат тиркизната и темно сината боја, но и бојата на океан. Овие бои ви помагаат да се чувствувате стабилно и ве штитат од претераниот емотивен набој на кој сте склони.

ЛАВ

Со вас управува Сонцето, па затоа златната, жолтата, портокаловата и црвената боја совршено се вклопуваат во вашиот свет. Тие ќе ви помогнат да ја покажаете својата сила и да го свртите вниманието кон себе. Освен тоа, овие бои ви пружаат чувство на самодоверба и самопочитување.

ДЕВИЦА

Судејќи по тоа дека сте по природа практичари, вие им давате предност на таквите бои кои се лесно вклопливи и  не премногу нападни, како што се кремастата боја, кафената или мирните есенски нијанси. Овие природни и неутрални бои лесно се вклопуваат во сите комбинации и сите прилики. Според тоа, кога ги носите овие бои се чувствувате здраво, добро организирано и среќно.

ВАГА

Со вашата романтична природа одлично се вклопуваат нежните и пастелни бои. Светло розовата, тиркизната и зелената ви носат позитивна енергија и воспоставување на баланс. Доколку овие бои ги внесете во секојдневието, многу аспекти на животот ќе ви станат просперитетни.

ШКОРПИЈА

Мистериозни, помалку мрачни, вие просто не можете да им одолеете на боите како темно вино, виолетовата боја, бојата на вишна и секако црната. Сепак ги носите само во посебни прилики, кога сакате да допрете со најскриените делови на вашата душа. Тие ви помагаат во себе да пронајдете сила во ситуациите кога мислите дека се е изгубено.

СТРЕЛЕЦ

Вие сте авантурист по прирофа, секогаш спремни на предизвик, а најмногу ги сакате темно сината и виолетовата боја. Овие бои за вас симболизираат пространство и ве инспирираат на патувања во неистражени краеви. Смело ги комбинирате со белата и црвената боја.

ЈАРЕЦ

Сериозни и внимателни, вие сте личност која преферира кафена боја и едноставни нијанси на истата. Оваа боја за вас симболизира традиционалност и постојаност. Воведете ја во своето секојдневие и таа ќе ви донесе чувство на смиреност.

ВОДОЛИЈА

Вашиот знак е под влијание на Уран, планетата која симболизира технологија, изненадувања и промени, поради тоа вие ги сакате речиси сите нијанси на интензивно сина боја. Таа ви помага да бидете инспирирани и ја ослободува вашата креативна енергија.

РИБИ

Вие сте познати како мистици и сонувачи, па вам ве привлекуваат нијансите на море и океан. Од плитките морски води до длабоките, оваа боја е вистинскиот избор за вас. Таа ви помага вашите сништа да станат стварност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top