Босанско семејство огорчено ја напуштило Хрватска и го прекинале одморот, поради непријатностите што ги доживеале за време на нивниот одмор во Дрвеник, пишува новинската агенција „Патрија“.
Босанката Адвија Жига тврди дека таа и нејзиното семејство биле истерани од една пицерија, бидејќи порачка била скромна. Кога седнале во пицеријата тие нарачале пијалаци и сладолед, но келнерот, според Зига, почнал да ги навредува бидејќи нивната нарачка била премалку, објаснувајќи им дека тоа е време за ручек.
– Сопственикот на ресторанот се обиде да го оправда келнерот, тврдејќи дека пред тоа го налутиле едни Кинези, кои биле шестмина, а нарачале само една пица – вели Зига.
Но, според неа, тоа не било оправдување, бидејќи гостите до нивната маса имале порачано само пијачка. Таа тврди дека келнерот го истурил својот бес врз нив кога сфатил дека се од БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод