Најдосадните инсекти кои во лето, посебно на вакви жештини, дополнително ни го загорчуваат животот.
Слободно отворете ги прозорците навечер, бидејќи овој рецепт ги содржи едни од најдобрите етерични масла за кожата, кои нанесени врз неа, ќе ја направат мека, со пријатен мирис и ќе ја заштитат од каснувања.
Што ќе ви биде потребно за да си направите домашен спреј против комарци?
Состојки:
10 капки масло од лаванда
2 – 3 лажици екстракт од хамамелис (вештерска леска)
10-12 капки масло од цитронела
10-12 капки масло од еукалиптус
10-12 капки масло од лимонска трева
Комбинирајте ги сите состојки во шише со распрскувач и протресете добро. Секој пат пред да се испрскате на вашата кожа, протресувајте го шишето, за да можат да се комбинираат сите масла, заедно со хамамелисот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.