| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи: Љубовта треба да е легална

Филип веќе е Фифи. Пејачката која неодамна го промени својот пол, веќе неколку месеци живее и работи во Стокхолм , Шведска, каде а вели ја пренесува својата порака до светот, онака како што најдобро знае – со песна.

Уште од 17 години, кога со целата своја особеност и личност се појави во музичкото шоу „Фешта“ на А1 телевија, Филип Јаневски (23) пред Македонија и светот покажа дека ќе биде само она што тој сака да биде – Фифи. Ни погледите, ни заканите, ни пцовките не ја запреа првата македонска трансродова пејачка да го оствари она што го сака.

Популарноста низ регионот најмногу ја стекна со учеството на минатогодишниот „Икс-фактор“, по што настапи и на Парада на гордоста во Белград. Таму ја доби наградата „Бамби под виножитото“ за придонес на видливоста на ЛГБТ-заедницата.

Филип веќе е Фифи. Пејачката која неодамна го промени својот пол, веќе неколку месеци живее и работи во Стокхолм , Шведска, каде а вели ја пренесува својата порака до светот, онака како што најдобро знае – со песна.

– Едноставно дојде време да ги проширам своите хоризонти, сакам да  живеам во држава во која се сите еднакви и ги делат основните човекови права под истото небо – вели Фифи.

051

Во Стокхолм Фифи соработува со ЛГБТ организација за човекови права, а се приклучи и во проекти за подигнување на свеста кај народот, кои се многу популарни и имаат голем успех во Шведска.

Деновиве ќе ги отвори и Парадите на гордоста во Стокхолм и во Малме.

Ќе настапам на неколку паради на гордоста тука, како и на една од најглавните во Европа „Гордоста на Стокхолм“, која што ќе ја отворам со песната ‘Бјутифл’ од Кристина Агилера. Се запознав со неколку продуценти со кои има шанса за соработка, и секојдневно добивам по некоја понуда – вели пејачката.

052

Фифи вели дека на нејзиното семејство воопшто не му сеедно што се одлучила да си замине, особено на нејзнините родители, но по добриот разговор за нејзината одлука и причини сфатиле дека ова е за нејзино добро.

Во Шведска ЛГБТ заедницата не само што е заштитена со закон од дискриминација и ги ужива сите права, туку и навистина е прифатена во општеството како нешто што е нормално и е дел од нашата човекова природа. Луѓето се дружат без разлика на националност , боја на кожа , вера , родов идентитет или сексуална ориентација. Нема дискриминација и предрасуди, секој си го живее својот живот и секој е слободен да биде тоа што вистинские. Искрено сум среќна што имам вакво семејство, луѓе што се полни со разбирање и што ме поддржуваат во моите одлуки – вели Фифи, додавајќи дека по природа секогаш е оптимист кога станува збор за својата иднина, бидејки знае што сака и верува во себе.

048

Во време кога ЛГБТ лобито низ светот е посилно од било кога, животот за транродовите луѓе станува полесен, барем во полибералните земји.

Познатиот американски олимпиец и очувот на познатите сестри Кардашијан, Брус Џенер, на 65-годишна возраст реши да стане жена. Неговата трансформација се одвиваше пред очите на светот, а денес, како Кетлин Џенер, има свое реално шоу во кое зборува за предизвиците на тоа да се биде трансродова личност.

Сметам дека Кејтлин е прекрасна жена и со самото нејзино постоење придонесува многу за Трансзаедницата. Навистина е потребна огромна храброст затоа што таа го направи. Јас искрено ја почитувам и и се восхитувам на мудроста и храброста – вели Фифи.

Во САД неодамна Врховниот суд одлучи дека истополните бракови се легални низ целата земја. Во Европа, пак, посвојувањето на деца од страна на родители од ист пол е дозволено во 16 земји. Дебатата која жестоко се води низ светот, дали воопшто треба да се дозволи децата да растат во вакви семејства, според Фифи е веќе завршено прашање.

Секако дека треба да се дозволи. Затоа што љубовта треба да е легална. Не смее да се одземаат основните човекови права кај луѓето. Секој има право да биде со тој што го сака и да биде среќен, нема ништо погрешно во тоа– вели таа.

Според Фифи, подобро е детето да има две мајки или двајца татковци отколку да е без ниеден родител.

– Јас тврдам дека развојот на тоа дете е нормален и здрав бидејќи тука луѓето го имаат тоа право, еве гледате ништо се нема променето на полошо, баш напротив. Пропагандата која вели дека дете од истополов брак ќе стане хомосексуалец или лезбејка е толку неточна што само луѓе кои се неинформирани може да ја пропагираат. Да не заборавиме дека баш поголемиот број на ЛГБТ личности доаѓаат од хетеросексуални врски и бракови… На крајот од денот љубовта е најважна, и воопшто не е важно дали детето ќе има две мајки, два татковци или мајка и татко – завршува Фифи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top