Советот на општината Чаир на денешната седница го усвои нацртот на Деталниот урбанистички план (ДУП за Градски Четврт ЦС 02 Блок 4) за целосна реконструкција и надградба на Бит-пазар.
Во насока на спроведување на јасна и транспарентна постапка и во согласност со регулативата, ќе следува јавна анкета и јавна презентација, на која сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да ги достават своите предлози и забелешки, кои потоа ќе ги разгледува Стручната комисија и ќе бидат земени предвид во следните фази за развој на овој проект, велат од општина Чаир.
„Бит-пазар е еден од најголемите зелени пазари во земјава, од каде што егзистираат голем број семејства. Откако новиот нацрт-план ќе ги помине сите процедури, ќе се зголеми бројот на тезгите, ќе се направи нов проект кој ќе обезбеди доволен број места за паркинг со што новиот пазар ќе добие нов, модерен изглед. Идејата е во новиот проект да се вклучат сите тезги кои сега се надвор од пазарот, со што ќе се отвори патот кон театарот и улицата 192, а ќе го растовари и тротоарот до трговскиот центар „Мавровка“. Така ќе се отвори и просторот кон Старата скопска чаршија, со што ќе обезбедиме една нова урбана димензија“, истакна Иџет Меџити, градоначалник на Чаир.
Откако ќе заврши јавната расправа и јавната презентација, Стручната комисија ќе достави заклучок, ќе започне постапката на предлог на Деталниот урбанистички план (ДУП), кој ќе треба да добие позитивно мислење од страна на сите инволвирани јавни и приватни институции. По оваа фаза ќе се поднесе постапка за согласност од страна на Министерството за транспорт и врски и на крајот Советот на општината Чаир ќе донесе одлука за усвојување на Деталниот урбанистички план за Бит-пазар, стои во сооптението.
Според плановите, изградбата треба да трае една година. За да не се наруши работењето на Бит-пазар, планирано е градежните зафати да се одвиваат етапно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст