Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска беше во посета на Кавадарци каде што во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ беше реализирана инвестиција во висина од 1 милион и 500 илјади денари со што се изврши набавка и монтажа на 260 нови седишта во салата на Домот на културата.
Со наредните инвестиции во 2016 година заедно со локалната самоуправа ќе се оствари најголемото реновирање на сцената на кавадаречкиот театар од периодот на неговата изградба 1952 година. Со овој проект ќе бидат опфатени и шминкерниците и помошните простории за реквизити со што кавадаречките културни работници ќе добијат многу подобри услови за работа.
Од страна на претседателот на организациониот одбор на рок-фестивалот „Т,к Так“ Даниел Уневски, министерката доби плакета во знак на благодарност за поддршката на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст