| четврток, 6 декември 2018 |

Државјанин на Косово осомничен за убиството во Куманово

kumanovo-5

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Куманово изврши увид на самото место за случениот вооружен напад во кој животот го загуби едно лице. Надлежениот обвинител издаде наредби за собирање траги од самото место, вршење потребни вештачења, како и за обдукција на починатото лице.

Вооружениот напад се случил претпладнево, кога осомниченото лице, државјанин на Косово, кој привремено престојувал во Швајцарија, со огнено оружје ранил две лица, и тоа таткото и братот на неговата поранешна сопруга. На прострелните рани веднаш им подлегнал седумдесет и едногодишниот Р.Р. од Куманово. На триесетгодишниот син, кој се здобил со тешки телесни повреди, му се укажува медицинска помош.

Осомниченото лице во моментов им е недостапно на органите на прогонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top