| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на убиените во Козле

policija-ubistvo-kozle500

Полицијата по извршениот увид го утврди идентитетот на мајката и на синот што утринава беа убиени во куќа во скопската населба Козле. Станува збор за турските државјани Ѓулчин Е.(52) и Самет С.(29), кои биле усмртени откако во нив било пукано во пределот на главата.

Убиените биле на гости и престојувале во куќа сопственост на Н.А. (57).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top