| четврток, 6 декември 2018 |

Романот „Габриела, каранфилче и цимет“ преведен на македонски јазик

Романот „Габриела, каранфилче и цимет“ од бразилскиот писател Жорже Амадо е преведен на македонски јазик од Издавачката куќа „Антолог“.

unnamed

 

Во оргинал објавена во 1958 година, оваа книга е една од најдобрите во бразилската литература.

Според романот се снимени три различни ТВ-серии, како и игран филм од 1983 година со Марчело Мастројани во главната улога, а музика на Антонио Карлос Жобим, авторот на „Девојката од Ипанема“. Романот го на македонски јазик го преведоа Виолета Јагев и Маргарита Терзијан-Маленкова.

Жорже Амадо (1912-2001) својот прв роман го објавил на 19 години. Во одреден период бил протеран од земјата, а неговите книги биле забранети. Преведен е на 49 јазици. Го нарекуваат „Чарлс Дикенс на 20 век“ и еден од најголемите писатели, не само во латинскоамерикански, туку и во светски рамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top