| четврток, 6 декември 2018 |

Рахим Р. е убиен во Куманово, повреден е неговиот син

Дива Населба

Дива Населба

Седумдесет и едногодишниот Рахим Р. е лицето што претпладнево беше убиено во кумановското Диво Насеље.

Со тешки повреди се здобил неговиот 30-годишен син Аднан откако во нив пукал нивниот зет.

Според информациите на дел од медиумите, убиецот по нападот избегал со автомобил БМВ. Причина за убиството се семејни недоразбирања.

Полицијата сè уште врши увид на самото место, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top