Театар Комедија на 21 јули учествуваше на интернационалиот театарски фестивал „Бутринти 2000“, кој се одржува во античкиот град Бутринти, во близина на Саранда, Албанија, со претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија на Наташа Поплавска.
Фестивалот се одржуваше од 18 до 23 јули 2015 година. На фестивалот учествуваа претставите: „Декамерон” од Театарот на армијата од Софија, „Странски гласови” на театарот Тишина од Бергамо, Италија, „Електра” на театарот од Дурас, Албанија и „Сократовата одбрана” на театарот Арт Дин од Албанија.
Претставата помина одлично и имаше многу позитивни критики и реакции, како и од обичната публика, така и од колегите од Албанија и странство.
„Лисистрата“ ја имаше својата премиера на крај на 2014 година и оттогаш претставата гостуваше и на фестивалот во Загреб „Денови на сатирата“, каде што претставата беше проследена со овации од публиката и со награда од жирито за најдобра комична креација на млад актер, која му беше доделена на Валентин Костадиновски – Тино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст