| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија прогласи „жолт аларм“ поради високата температура

Бугарскиот Национален институт за метеорологија и за хидрологија денеска прогласи „жолт метеоаларм“ на територијата на цела Бугарија поради очекуваната висока температура.

toploten-bran1

Како што јави БТА, Институтот соопшти дека времето може да биде „потенцијално опасно“ бидејќи иако очекуваната температура не се невообичаени за овој период од годината, сепак е потребна внимателност, посебно при работа на отворено.

Институтот информира и дека водостојот на реките во Бугарија е на ниски нивоа и дека во следните два дена се очекува нивно натамошно намалување или задржување на сегашните висини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top