| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се симптомите на тешка сексуална апстиненција

seksualna apstinencija

И покрај тоа што најчесто се мисли дека жените многу ретко страдат од апстиненција, сепак постојат некои нешта што недвосмислено укажуваат на тоа дека и на претставничките на понежниот пол и тоа како им недостига сексуален однос…

Доколку се сомневате дека страдате од недостиг од секс, прочитајте ги знаците што укажуваат на тоа и дека крајно време е да ја вклучите црвената светилка!

Страдате од хроничен замор!

Доколку немате редовно сексуални односи, помалку се лачи хормонот колаген, кој е задолжен за одржување на изгледот на кожата. Доколку не се лачи овој хормон, поголема е можноста од предвремено стареење на кожата.

Ви се појавуваат брунки и акни – нив ги предизвикува недостигот од прогестерон, кој се произведува за време на секс.

Многу често непријателски се однесувате кон другите луѓе и тоа го правите најчесто без никава посебна причина.

Доколку немате редовно сексуални односи, поголема е можноста дека ќе имате послаба отпорност на болка.

Сексот го подобрува имунитетот, така апстиненцијата може да предизвика слабеење на имунитетот.

Сексот влијае на циркулацијата, а со тоа и на подобро работење на мозокот.

Жените на кои им недостига секс ја губат самодовербата и константно се незадоволни со себе и со својот изглед.

Доколку некој од наведените симптоми ви звучи познато, тогаш крајно време е да промените нешто во вашиот сексуален однос со партнерот. Обидете се да внесете некои новини, да направите нешто што досега не сте го правеле, а доколку сè што ќе пробате, ви оди тешко – тогаш добро размислете дали треба да се консултирате со некого.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top