| четврток, 6 декември 2018 |

Преку 8.000 граѓани извадиле месечен зелен картон

zelen_karton_g111
Преку 8.200 граѓани купиле едномесечни зелени картони откако стапи на сила владината одлука за нивното повторно воведување. Осигурителните компании од 18 минатиот месец па досега издале околу 28.000 зелени карти. Од Националното биро за осигурување кои располагаат со вкупните статистики, велат дека овој период од годината сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да извадат месечна зелена карта, најмногу оние што еднаш годишно одат надвор од границите за да ја посетат посакуваната дестинација.
Од А.Д. Осигурителна полиса потрдуваат дека околу 35 до 40 отсто од оние што лани ваделе годишни зелени карти, сега имаат извадено месечни зелени карти.

Дополнително ќе се утврдува какви ќе бидат ефектите од воведувањето на оваа мерка врз вредноста на премијата што ја остваруваат осигурителните компании, а која беше донесена за да се намалат трошоците на граѓаните кои патуваат поретко.

Цената на едномесечната зелена карта за помалите автомобили чини 30 евра, а за оние со повеќе од 66 киловати 50 евра. Годишниот зелен картон и понатаму останува да важи и чини 90 евра за патничките и 280 евра за товарните возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top