
Кога сте во фаза на детоксификација или прочистување, сѐ што внесувате во организмот треба да помогне во елиминирање на токсините, но и да ве снабди со течности. Оваа диета се прави за време на викенд. Се препорачува и консумација на домати поради присуството на антиоксидансот ликопен, зрнеста храна и зеленчук, со кои ќе се зголеми внатрешната температура и на тој начин ќе го активирате процесот на прочистување.
Сируп за слабеење:
(се пие навечер пред легнување)
300 мл вода
2 супени лажици сок од лимон
1 супена лажица јаворов сируп
1 лажичка лут пипер
1 лажичка ѓумбир
Сите состојки се мелат во блендер и пијалакот е готов за употреба.
Сок за активирање на метаболизмот
(секој ден пред појадок)
6 супени лажици сок од лимон
2 домати
4 чешниња лук
500 мл вода
6 коцки мраз
Состојките се додаваат во блендер и се меша една минута на максимална брзина.
Во текот на овие два дена пијте колку што можете повеќе зелен чај без шеќер наместо вода. Се јаде само зеленчук и зрнеста храна во помали количини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


