Годинашниот победник на „Икс Фактор Адрија“, Амел Чуриќ, се здобил со полесни повреди при сообраќајна незгода, која се случила викендов во близина на босанскиот град Олово.
Информацијата ја соопштува сараевскиот весник „Дневни Аваз“, кој пишува дека инцидентот се случил кога „бе-ем-вето“ со кое управувал Чуриќ, дирекно се судрило со возило од марката „пасат“, кое било дел од придружбата на потпретседателот на Република Српска, Рамиз Салкиќ.
Чуриќ во изјавата за „Днвени Аваз“ ја потврдил незгодата, но одбил да даде повеќе детали.
Полицијата од Зеница соопшти дека покрај Чуриќ во неговиот автомобил се наоѓале и неговата девојка и нејзината сестрата, која се здобила со потешки повреди и е пренесена во болница во Сараево.
Полицијата одбила да даде официјлна изјава за причините за несреќата, но според „Дневни Аваз“ до неа дошло кога „пасатот“ од придружбата на Салкиќ се обидел да престигне колона возила, при што дирекно удрил во автомобилот на Чуриќ.
Салкиќ, кој бил во друго возило по несреќата излегол да види што се случило, по што се вратил во својот автомобил и си заминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст