| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапиот часовник на светот

Швајцарски производител  на часовници вчера го откри часовникот за кој се верува дека е најскапиот на светот. Новиот часовник на „Хублот“, со цена од 5 милиони долари, е украсен со неверојатни 140-каратни дијаманти и целиот е изработен од бело злато.

Скапоцените камења го покриваат целиот часовник и тој повеќе изгледа како скапоцен накит отколку како практичен моден додаток.  На него има  1.292 дијаманти.

Биле потребни  17 луѓе и 14 месеци за да се дизајнира и направи овој часовник. Просечната цена на останатите часовници „хублот“ се движи околу 24.000 долари. Од компанијата велат дека имало неколку заинтересирани и за овој часовник, но не даваат конкретни детали.

Изминатата година тие имале пораст на продажбата од 30 проценти, па за 2012 година го очекуваат истото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top