Премиерот на Словенија, Миро Церар, во понеделникот за време на состанокот на премиери и челници на клубот на парламентарни партии, рекол дека Хрватска не може еднострано да излезе од арбитражата.
На изјавата на Церар, одговори неговиот хрватски колега Милановиќ, кој искоментира: „Можеме и ќе излеземе“.
Словенија во моментот бара нов член на Арбитражниот суд, откако претходниот член, Јернеј Секолец, беше снимен во телефонски разговор со словенечка дипломатка, ополномоштена претставничка за следење на арбитражата, Симона Дреник, во кој договараат изнесување на аргументи и лобирање кај други судии во врска со спорниот залив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.