Кога сме вљубени, сме среќни и опуштени, што е многу добро за нашето здравје.
1.Поради љубовта сме повитки
Адреналинот, кој се создава во нашето тело кога сме вљубени, го намалува нашиот апетит.
2.Поради љубовта изгледаме помладо
Вљубеноста го поттикнува развојот на хормонот DHEA, кој се смета за еликсир на младоста. Тој влијае на зголемувањето на нивото на бета-ендорфинот во мозокот, што придонесува за зголемување на либидото, поголема желба за живот, намалување на стресот, а сите овие нешта ни помагаат да изгледаме помладо.
3. Поради љубовта живееме подолго
Според истражувањето на Универзитетот на Јута, оние вљубените, на кои им е возвратена љубовта, живеат подолго од самците. Кога се чувствуваме сакано, се зголемува нашата самодоверба, а со самото тоа се намалуваат шансите да паднеме во депресија.
4. Поради љубовта подобро помниме
Љубовта го подобрува растот на новите мозочни клетки, откри една италијанска студија, а поради овие клетки помниме мали нешта, кои инаку не би ги сметале за важни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст