| четврток, 6 декември 2018 |

Американски милионер со радикално решение – направете нова држава за бегалците!

Американскиот милионер и успешен трговец со недвижнини, Џејсон Бази, предложил радикално решение за проблемот со бегалците во светот, предложувајќи, со поддршка на најмоќните луѓе и влади во светот, да се основа нова нација и држава – само за бегалци.
imigranti
– Моментално ширум светот има луѓе без своја држава. Идејата е, доколку би можеле да им дадеме држава, тие да имаат место каде ќе живеат и работат безбедно како сите други – рекол Бази во интервју за „Вашингтон пост“.
Бази истакнал дека за него е “речиси шокантно” што на никого досега не му текнало на такво решение за бегалците.

Ширум светот има повеќе 60 милиони луѓе кои морале да ги напуштат своите домови, од кои многумина живеат во големи кампови во тешки услови. Властите во многу земји, посебно европските, мака мачат со приливот на мигранти.

Бази истакнал дека од својот џеб досега издвоил 10.000 до 15.000 долари за формирање на тим и промоција на нова држава, која тој би ја нарекол Бегалска нација.

Според него, оваа држава би можела да се формира на извесен ненаселен остров, кој не им припаѓа на САД.

jason-buzy-radikalen-predlog-migranti-02
Бази се надева на поддршка од свески познатите личности и лидери.

Кога станува збор за начините на социјалното, политичко и финансиско функционирање на неговата замислена држава, Бази истакнува дека тоа би требало да се разработи во иднина.

– Ова е сега како прв состанок со девојка. Сè уште не размислувам за тоа какви имиња ќе им дадеме на децата, зарем не? – објаснил Бази.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top