| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција запленети околу шест тони хашиш

france
Француската полиција во Марсеј заплени речиси шест тони хашиш и приведе тројца мажи осомничени за трговија со дрога, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Франција.

По неколкумесечна истрага, полицијата открила 5,6 тони смола од канабис во една вила во јужниот дел на Марсеј, како и уште 150 килограми во автомобил. Тоа е една од најголемите заплени на дрога во Франција во последните неколку години.

– Полицијата во неделата следела тројца мажи, за кои се сомневала дека се вмешани во голема мрежа на трговија со дрога во Марсеј и блискиот град Витрол – се посочува во соопштението од кабинетот на министерот за внатрешни работи Бернар Казнев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top