Во вторник, на 28 јули, во клубот „Синема“ во Струга ќе се одржи прозна вечер посветена на делата „Бледи сенки, далечни гласови“ од Димитрие Дурацовски ( Магор,2014) и „ Исповедни финеси“ од Влатко Галевски (Или-или 2014).
За книгите ќе зборуваат Оливера Ќорвезировска и Ферид Мухиќ.
Романот „ Бледи сенки, далечни гласови“ од Димитрие Дурацовски, добитник на Рациново признание за 2015 година, се издвојува со својата иновативна авторска постапка во која се содржани неколку битни елементи. Од една страна се забележува преплет на различни жанровски модели, вкрстосување на интимен поттекст и обраќање со ангажиран однос кон актуелната општествена ситуација. Од друга страна во ова дело оживуваат на суптилен начин незаборавните бледи сенки и далечни гласови иод интимното и колективното минато во кое секој може да се препознае, вели за делото Паскал Гилевски.
Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации, пишува Ферид Мухиќ за „Исповедни финеси“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст